НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Активности

Негувателите на болни лица пружаат лична нега и помош, во домашни услови, на лица на кои им е потребна таква помош, поради болест, физичка или психичка слабост, инвалидност или намалена способност поради старост.

Негувателите на болни лица во домашни услови:

  • пружаат помош на лица при одење, станување од и легнување на кревет, и соодветно пресоблекување;
  • пружаат помош при движење со инвалидска количка;
  • менуваат постелина, пружаат помош на лицата при одржување лична хигиена и при вршење физиолошки потреби;
  • послужуваат храна и ги хранат на пациентите на кои им е потребно;
  • потсетуваат и проверуваат дали лицето ги зело потребните лекови;
  • ја следат здравствената евиденција на болните;
  • го следат секој знак на опаѓање на здравствената состојба на лицето и ги известуваат надлежниот лекар или социјалната служба;
  • даваат психичка поддршка на пациентите преку разговор или гласно читање;
  • обезбедуваат емотивна поддршка, информации и совети на членовите на потесното семејство на болните;

Примери на занимања вклучени тука:

5322.01 Негувател на болни лица (во куќа)

5322.02 Негувател на лица со развојни тешкотии

5322.03 Негувател на стари и немоќни лица

5322.04 Професионален негувател на болни лица во домашни услови

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Негувателите на болни лица во домашни услови им помагаат на лицата со попречености, хронични болести или когнитивни нарушувања, во извршувањето на секојдневните животни активности.

Често им помагаат на постарите лица на кои им е потребна помош

Потребно образование при вработување

  • Основно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.914 МКД

Слободни работни местa

  • 18 АВРМ