АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

Работна средина

Според проценките од Анкетите на работна сила 2011-2016, бројот на Алатничарите и сродните занимања се движи помеѓу 3.700 и 6.150 вработени.

Условите во кои работат алатничарите и сродните занимања се различни, во зависност од нивните работни задачи, работи и производи. Алатничарите и сродните занимања може да работат во затворени простории – работилници, но понекогаш и на отворено, во различни временски услови. Голем дел од работата се прави стоејќи, со чести подигнувања на тешки товари.

Алатничарите и сродните занимања ја планираат и организираат својата работа, го подготвуваат работното место, работните уреди, алатот и материјалот, рационално го користат времето, материјалот и енергијата, обезбедуваат квалитетни услуги и извршени работи, применуваат мерки за лична заштита и заштита на околината, изработуваат шаблони, стезни алати, алати за свиткување, дупчење, сечење, извлекување и комбинирани алати, алати за ковање, пресување, леење, сечење лимови и профили на точни мерки, дупчат дупки и отвори, врежуваат и нарежуваат навој, обликуваат делови од лимови или профили (свиткување), брусат рабови и површини, спојуваат делови од лимови или профили со заварување, спојуваат делови од лимови или профили со други видови на неразделни и разделни врски, составуваат изработени делови во склопови и технички целини, монтираат метални конструкции и производи на место на експлоатација, градежни објекти и сл. Изработуваат модели за копирање, гравирање. Ракуваат со алати за стегање, обработка, мерење и контрола. Ракуваат со машини за изработка на алати. Ги поправаат алатите кои ги изработуваат. Пополнуваат потребна работна документација и документи за евиденција на состојбата на машините, уредите и опремата.

 

 

Задолженија на работното место

Алатничарите и сродни занимања изработуваат и поправаат алатки, модели и калапи за обликување на делови од метали, пластика и гума, како и за одржувааат и поправаат  оружје и брави.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за  обработувачи на метал

Четиригодишно стручно образование за машински техничари

Основно образование и сертификат

 

Просечна месечна нето заработувачка

19.310 МКД

Слободни работни местa

232 АВРМ