АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

АЛАТНИЧАРИ И СРОДНИ ЗАНИМАЊА

Изгледи за вработување

Алатничарите според податоците на Агенцијата за вработување се едно од најпобаруваните занимања Во просек, на месечно ниво јануари – декември 2017 година изнесува 232 алатничари. Според процените на Анкетата за работна сила на  Државниот завод за статистика  2011-2016 година бројот на вработени алатничари се движи помеѓу 4000-6150 лица.

Можностите за вработување се очекува да бидат добри и во иднина, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со потешкотии при пронаоѓање искусни и квалификувани работници.

Слични занимања (од ISCO-08)

  1. Ковачи и сродни занимања
  2. Подесувачи и управувачи на машини за обработка на метали и слични материјали
  3. Обработувачи на метални површини и острачи

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Алатничарите и сродни занимања изработуваат и поправаат алатки, модели и калапи за обликување на делови од метали, пластика и гума, како и за одржувааат и поправаат  оружје и брави.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за  обработувачи на метал

Четиригодишно стручно образование за машински техничари

Основно образование и сертификат

 

Просечна месечна нето заработувачка

19.310 МКД

Слободни работни местa

232 АВРМ