ГОТВАЧ

ГОТВАЧ

Активности

Планирање, организирање, подготовка и готвење јадења, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Готвачите:

  • ги планираат оброците;
  • подготовуваат и готват храна;
  • ја планираат, вршат надзор и ја координираат работата на помошниците во кујната;
  • го проверуваат квалитетот на храната;
  • ги мерат и мешаат состојките според рецепт и лична процена;
  • ја регулираат температурата на шпоретите, скарите, пекачите и другата опрема за готвење;
  • ја проверуваат и чистат кујната, кујнската опрема, просторите за послужување, итн. со цел да се осигурат безбедни и санитарни практики за ракување со храната;
  • управуваат со опремата за готвење со голем обем, како што се скари, фритези или калапи.

Занимања во оваа група се:

5120.01 – Готвач

5120.01 – Помошник готвач

5120.03 – Скара-мајстор

5120.04 – Пица-мајстор

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Готвачите ги планираат, организираат, подготвуваат и готват јадењата, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

18.636 МКД

Слободни работни местa

809