Корисни информации

Кариерното советување за младите е клучна политика за пазарот на трудот, со цел да се осигури дека адолесцентите и младите, може да донесат информирани одлуки во врска со кариерата. Важен дел од советувањето е да се понуди солиден преглед на занимањата, кој се заснова на факти, и вклучува информации за занимањата и економските сектори што нудат добри изгледи за кариера.

Во овој контекст, Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја изработи специјализираната веб-платформа за прегледот на работните места, со најважните информации за одредени занимања (првично келнери, плиноинсталатери, готвачи, ѕидари итн.).  Платформата ја води Mинистерството за труд и социјална политика и таа постојaно ќе се збогатува и расте со информации за други занимања. Проектот Решенија за вработување на младите преку социјален дијалог на локално ниво е поддржан од Меѓународната организација на трудот и се реализира  во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Корисни линкови

Министерство за труд и социјална политика – http://mtsp.gov.mk/

Агенција за вработување на Република – http://www.avrm.gov.mk/

Меѓународна организација на трудот – http://www.ilo.org

Министерство за образование и наука – http://mon.gov.mk/

Центар за средно стручно образование – http://www.csoo.edu.mk/

Центар за образование на возрасни – http://cov.gov.mk/advanced-search/

Државен завод за статистика – http://www.stat.gov.mk/

Работнички права – http://rabotnickiprava.mk/

Мирно решавање на работните спорови – http://mtsp.gov.mk/mirno-reshavanje-na-rabotni-sporovi-baner.nspx

Државен Инспекторат на трудот – http://dit.gov.mk/index.php

Институт за јавно здравје – http://www.iph.mk